ФОТО: Нема нозе, а завршил обука за специјалци, скокал од хеликоптер…


gregrobinson

Наредник Грег Робинсон стана првата личност со инвалидитет којашто заврши една од најтешките воени обуки во САД, пренесува агенцијата АП.

Робинсон ја заврши десетдневната обука, која се смета за една од најтешките физички и ментални воени курсеви, иако механичката нога постојано му се кршела.Низ оваа обука секоја година поминуваат неколку илјади војници.Инструкторите наведоа дека Робинсон е пример за физичка и ментална итрајност, додавајќи дека тој во ниеден момент не си дозволил да заостане зад другите.

Тие изјавија дека во ниеден момент не ни помислиле да му попуштат.Грег Робинсон ги изгубил нозете за време на една воена операција во 2006 година.Тој носи механичка протеза која му овозможува да прави се што прави секој нормален човек.Робинсон трча по 20 километри, се спушта по зип-лајн, скокал од хеликоптер и многу други работи.

Тој е доказ дека човек никогаш не треба да се откажува, колку и да пропатил во животот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1