Фото од местото на несреќата – Очевидец тврди Хеликоптерот имаше проблеми пред да падне


Хеликоптерот неколку минути неконтролирано кружеше над антената. Изгледаше како да има некаков проблем. Од мојот балкон убаво се гледаше. Дури потоа дојде до ударот во антената и падот на хеликоптерот.

Ова е изјавата на Александар Манев, еден од  очевидците на оваа голема несреќа. Дадена за репортерот на порталот StrumicaNet

Foto – Струмицанет.

Околу 22:00 часот на периферијата од градот Струмица, кај Индустриската зона „Север“ се сруши хелихопер. Противпожарната единица интервенира. Две јагленосени тела се покрај изгорениот хелихоптер, најверојатно на пилотот и копилот. Нема информации чија сопственост е хелихоптерот, но се претпоставува дека е на АРМ.

heli8Според очевидци, хелихоптерот удрил во 140-метарска СБ антена на Македонското радио, и по ударот се срушил во нивите, на 100-тина метри од неколку објекти на компании кои гравитираат во Индустриската зона.

На местото на несреќата пристигна Итната медицинска помош. Стотици граѓани се упатуваат таму. На надлежните служби им е отежната работата од многуте возила кои се паркираат и се движат по самиот пат. И градоначалникот на Струмица, Зоран Заев пристигна на местото на несреќата.

Повеќе информации, видео и фотографии подоцна.

Видео од хеликоптерската несреќа 
Фото: 4 загинати во срушениот хеликоптер, потврди градоначалникот на Струмица, Заев
Се сруши полициски хеликоптер во Струмица, четворица загинати
Хеликоптерот закачил антена – Заев потврди дека се извлечени 4 тела
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1