На влезот на највисоката здравствена установа во земјава Клиничкиот центар “Мајка Тереза” секојдневно се создаваат гужви.
Дури двете ленти од булеварот “Мајка Тереза” кај влезот на клиниката се зафатени од таксисти, како што може да се види и од фотографиите. Додека влезот е пребукиран на обичните граѓани им останува да возат само на една лента.
Граѓаните бараат што поскоро сообраќајната полиција да го регулира сообраќајот на влезот бидејќи како што велат од здравите на влез болните не може да влезат.