ФОТО: Отишол да го гледа затемнувањето на сонцето – за малку ќе го изгубел животот


Чехот Јакуб Моравец отпатувал на оддалечено островче во Норвешка за подобро да го доживее затемнувањето на сонцето, но за малку ќе го загубел животото поради тоа.

Јакуб бил дел од туристичка група која отпатувала на остров на северот од Норвешка, каде затемнувањето на Сонцето се очекувало да биде прилиѓно јасно видливо.mecka500

Се сместиле во шатори.  Утрото Моравец го разбудило шушкање во шаторот. Се нашол очи в очи со поларна мечка.

– Тргна веднаш кон мојата глава. Но имав среќа , вели тој.

Моравец останал жив благодарение на брзата реакција на останатите кои пукале во мечката откако чуле звуци.

– Се разбудивме кога од блискиот шатор слушнавме повици: мечка, мечка! Сите имавме пучки пред шаторите и револвери во шаторите, но нападнатиот не можел да го земе оружјето. Мајка ми го зеде револверот и пукаше три пати во мечката , вели Зузана Хакова која била во групата од Чешка која допатувала да го гледа затемнувањето.

Моравец поминал само со лесни повреди по лицето и рацете.

Oд болничкиот кревет тој изјавил дека се уплашил кога се било завршено, а кога ја видел мечката размислувал само како да спаси жива глава!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1