Работник од синџирот за брза храна “Бургер Кинг”, решил да даде отказ по три години работење. Писмото кое тој го испратил гласи:
„Мразев да работам во компанијата уште од првиот ден кога се вработив. Не ми се допаѓа ниту работата, ниту колегите кои не го знаат јазикот, а не ми се допаѓате ниту вие, пишува незадоволниот работник во писмото до менаџментот, објавено на веб страницата“. Револтираниот поранешен работник додава дека не му е потребна никаква препорака од Бургер Кинг, ниту некогаш повторно во животот сака да има било каква врска со таа компанија.