Турската полиција уапсила 8 членови на Исламска држава на аеродромот „Ататурк“ во Истамбул.
Станува збор за Мароканци, за кои се смета дека планирале илегално да влезат во Германија и за кои се верува дека се поврзани со ИД.
Според сознанијата тие планирале да извршат терористички напади во Германија.
Мароканците им кажале на полицајците дека пристигнале во Истанбул на туристичка посета и дека се сместени во хотел. Но, турските власти откако извршиле претрес, заклучиле дека нивните искази не се вистинити
Имено, полицијата запленила документ за кој се тврди дека е детален план за патување до Германија преку познатата балканска бегалска рута што вклучува и поминување низ Македонија.