ФОТО: Отворен комплексот „Македонско село“-Македонската традиција и култура на едно место


Новата туристичка атракција „Македонско село“ лоцирана во село Нерези денеска и официјално е отворена за посетителите.

Со одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години. Постапката за избор на концесионерот ја спроведе владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР).etnos.jpg1_-640x478

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето истакна дека „Македонско село“ е еден од покрупните камења во големиот мозаик што Владата го гради во изминатите 10 години за да направи успешна туристичка приказна. „Македонско село“, рече тој, им нуди на странските гости за кратко време на едно место да ја видат цела Македонија во мало, нејзината историја, традиција, архитектура, култура и да уживаат во гастрономијата и македонското вино.

„Македонско село“ е комплекс изграден во традиционален дух на македонската архитектура од 19-ти и 20-ти век. На површина од 12.000 м2 комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со сместувачки капацитет од 100 гости.etnos.jpg8_-640x473

Селските куќи се изградени по ликот на куќите од различни географски подрачја на Македонија и тоа: куќа од Битола, Велес, Прилеп, Галичник, Рекански крај , Кратовска, Беровска, куќа од Делчево, Куманово, Тетово и од Скопска црна гора.

Посетителите ќе можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и амбиент во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда.Етно амбиентот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните занаети карактеристични за македонското поднебје, а за најмладите амбиентот ќе биде збогатен со домашни животни.Во комплексот е изграден Етнолошки музеј во кој ќе бидат изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини.

-Ваков пример немаше досега во Република Македонија и добро е што со управување на овој комплекс се зафаќаат луѓе кои се докажале како успешни во речиси се што досега правеле во животот. Сметам дека е тоа доволно силна гаранција, рече Пешевски на отворањето на комплексот на кое присуствуваше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во чиј мандат како претседател на Владата почна да се реализира овој проект.etnos

Фото – Курир.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1