Кога се вели на трудницата и пукна водењакот, всушност, се мисли на амнионска ќеса.
Но, Челси Филипс се породила, а притоа водењакот не и пукнал и на свет со царски рез донела бебе кое и понатаму било во амнионска ќеса.
Лекарите во текот на царскиот рез ја откриле дека амнионската ќеса во која бебето се развивало останало потполно недопрена.
Амнионската ќеса е мембрана која е исполнета со проѕирна течност внатре во која нероденото бебе се развива и расте. Мембраната го штити бебето од повреди, ја одржува нормална температурата и му обезбедува на бебето течност која може да ја голта и вдишува.
Сајлас Филипс на свет дошол три месеци предвреме, а бидејќи по порадувањето и понатаму било во амнионска ќеса, лекарите го нарекле медицинско чудо, бидејќи оваа појава е многу ретка.
Низ мембраната нозете и рацете на бебето биле јасно воочливи, а се додека мембраната не била продупчена бебето добивало кислород од плацентата.
– Иако звучи како клише, останавме без здив пред глетката – рекол доктор Вилијам Бајндер, кој го извршил породувањето.
Иако на свет дошол во 26-тата недела од бременоста, Сајлас добро напредува и лекарите очекуваат дека за еден месец ќе може да биде пуштен дома.
И холивудската актерка Џесика Алба во 2011 година отворено зборувала за тоа дека нејзината ќерка Хевен се родила во амнионска ќеса. Кога бебето излегло, амнионската ќеса пукнала сама од себе.
– Лекарот никогаш порано не видел такво нешто. Ја зграпчи сестрата и и рече „види го ова!“ – рекла Џесика.