МНР е во постојан контакт со дипломатските претставништва во Турција, Египет и во Италија за да добие повеке информации за инжинерот.
Веста ја објави италијанската агенција Анса, според која македонскиот инжинер Емилио Гафури бил киднапиран заедно со колегата од БИХ Петар Матиќ и италијанецот Марко Валиса.
Автомобилот во кој се превезувале тројцата инженери е пронајден напуштен кај градот Зувара, западно од Триполи.
Тројцата биле вработени во фирмата “Пјачентини Констуциони“ од Модена. До сега од фирмата никој не побарал поткуп.
Во меѓувреме властите во Зувара почнаа потрага по работниците и веќе привеле можни осомничени. По падот на на Гадафи во Либија речиси секојдневно се киднапираат припадници на безбедносните сили, активисти, новинари, судии Либијци и странци, и обично за нив се бара откуп.