ФОТО: Ова е куќата на Баба Ванѓа во Струмица


Баба Ванѓа најпознатата видовита жена во светски рамки, а може да се каже дека и најпозната струмичанка. Ексклузивно Струмица Денес ја објавува фотографија од куќата на баба Ванѓа и местото во Струмица каде се наоѓа родната куќа на Ванѓа.

Баба Ванѓа или Вангелија Пандева Димитрова е родена на 31 јануари 1911 во Струмица како слабо девојче на кое името му го дале после два месеци. Родена е во семејството на Пандо Сурчев, а нејзината мајка умира кога таа е многу мала.

kuka-vanga500

Родната куќа на Баба Ванѓа се наоѓа на денешната улица 5 ноември во Струмица. Денес на оваа место има изградена куќа која не припаѓа на нејзинита фамилија па и затоа оваа место не е обележано. Во албумите на баба Ванѓа се среќава слика од оваа куќа.

Според раскажувањата за Струмица Денес на Фимка Гогова Михаилова нејзина комшика и блиска пријателка, Ванѓа живеела во оваа куќа од нејзиното раѓање до 1942 година по што се преселува во Петрич, Република Бугарија. Во 1923 години поради лошите животни услови Вангелица се преселува во Ново Село кај братот на нејзиниот татко и таму живее неколку години. Таму и го губи видот.

Vanga

Од Ново Село во 1925 година заминува за Белград на лекување кое траело до 1927 по што се враќа во родната куќа во Струмциа. Ванѓа во оваа куќа ги има направено и првите превиденија.

Ванѓа била многу болна кога имала 18 години. Осум месеци била на постела помеѓу животот и смртта. Нејзините роднини во корито ја изнесувале во дворот за да може да биде на чист воздух и сончева светлина. Оставајќи ја Ванѓа во таква состојба еден ден отишле на црква. Кога се вратиле дома ја затекнале Ванѓа со метла во раце. Иако претходно ја оставиле едвај жива таа го метела дворот. Кога ги видела Ванѓа само им рекла дека дворот треба да биде чист бидејќи наскоро ќе започне војна и нејзината куќа ќе ја посетува многу народ. По неколку години иако таа се преселила во Петрич нејзиниот двор бил посетуван од илјадници луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1