ФОТО: Ова е местото каде косовските полицајци излетале во реката Лепенец, ги бара и македонската полиција


Двајца косовски полицајци, А.Т. (23) и М.Д. (26), минатата ноќ исчезнаа кога нивното возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец.

Потрагата по нив е прекината околу четири часот утрово и продолжува денес, изјави за „Коха“ портпаролот на косовската полиција.

Според изјавата на косовската полиција, полициското возило минатата ноќ околу 20:30 часот, од непознати причини, на автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник, ја преминало левата страна од патот и слетало во реката Лепенец.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека веста за исчезнувањето на двајцата косовски полицајци во реката Лепенец ја примил со жалење.

„Ја делиме со семејствата и пријателите загриженоста во оваа многу тешка ситуација на надеж и страв за судбината на нашите полицајци”, рече Харадинај.

И македонската полиција ги бара телата

Потрага освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце.

Полициски извори брифираат дека македонската полиција постојано е во координација со косовските колеги, бидејќи се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени со реката на македонската страна од границата.

Според косовските медиуми, огромен број на полицајци, пожарникари со часови ги бараат двете тела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1