Според најновите информации, главен организатор, „спонзор“ и мозокот на терористичките напади во Париз е Абделхамид Абауд (27), роден во Белгија.
Француската полиција изминатата ноќ претресе над 150 објекти.
Истрагата е во тек, полицијата е на терен и врши масовни претреси, при што само во Лион уапсени се пет лица и запленета е голема количина на оружје, како и ракетни минофрлачи.
Истовремено, обелоденето е дека како главен спонзор и мозокот на акцијата бил Абделхамид Абауд (27), роден во Белгија. Според првичните информации, тој е роден во Брисел, од предградието Моленбек, од истиот крај од кој што бил еден од напаѓачите од Париз, Салах Абдеслам.
Инаку, претходно белгиските власти уверуваа дека Абауд е лидер на џихадистичката келија во Белгија и дека раководи со регрутацијата на радикалните исламисти кои потоа стануваат членови на ИД.