По сомнителните пратки што беа испратени до Хилари Клинтон и Барак Обама, една пристигна и на њујоршката адреса на Си-Ен-Ен.
Канцелариите на Си-Ен-Ен беа итно евакуирани, а по неколку часа полицијата ја отстрани бомбата која била рачно направена.
– Немојте да мисите дека, само затоа што е „домашна“ бомба не е опасна. Овој вид уред, ако експлодира, може да направат голема штета, изјави пензионираниот специјален агент на ФБИ Џим Максвел за Си-Ен-ЕН.