Првата пресуда за случајот ПУЧ ги открива деталите за работењето на криминалната група предводена од Зоран Верушевски Звонко Костовски кој завчера доби затворска казна од 3 години за незаконско прислушување и шпионажа признал на кој начин соработувал со странските служби, како Верушевски ги координирал осомничените, кој бил мета на незаконско следење по налог на поранешниот разузнавач.
Во пресудата која Сител ја добил користејќи го правото на слободен пристап до информации стои дека делата на вработениот во МВР кој завчера беше осуден започнале во 2010.
Преку вториот вработен во МВР, тој стапил во контакт со Зоран Верушевски и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности.
Од пресудата може да се видат иницијалите на дел од прислушуваните . Меѓу нив може да се препознаат првите букви од имињата на високи функционери и лица познати од јавно-општествениот живот.
Потоа снимените разговори осудениот му ги давал на колегата од МВР кој пак му ги предавал на Верушевски. Крајната дестинација биле странските тајни служби.
Зоран Верушевски сето ова го правел неовластено, а згора на се, “дебело“ плаќал за услугите.