ФОТО: Ова е ракетата со кој е срушен малезискиот авион


Проектилот земја-воздух од типот BUK,за кој се верува дека го срушил малезискиот авион MH17, е оружје од времето на Советскиот Сојуз.

proektil raketa2

Развивањето на оваа ракета започнало во 1972 година, па неговата посебна намена било да соборува авиони, хеликоптери и други проектили.

Овој проектил е многу популарен во источна Европа, вклучувајќи ја и Украина, а способни се да срушат и авион од големина на Боинг 777 кој лета на висина од 10.000 метри.

Сведоците на несреќата тврдат дека остатоците на авионот и деловите од телата на патниците биле расфрални во радиус од 14 километри, што ја потврдува теоријата дека авионот се распаднал во воздух.

Системот BUK има голем автоматски уред за лансирање кој со помош на радар ги лоцира авионите или проектилите кои летаат на висина до 15.000 метри.

Најмодерните ракети од овој систем ги има НАТО со ознака SA17 и имаат 710 килограми тежина за време на полетување, долги се 5,55 метри и имаат 4 метри пречник.

proektil raketa

Можат да постигнат најголема брзина од 1.200 метри во секунда и да издржат маневар за оптеретување од 24G.

Овој систем е наследник на системот Клуб кој во својот состав го имала   ЈНА. Денес во својот состав го има војската на Србија, но и војската на Сирија, Северна Кореја и Кина.

Во меѓувреме, американските служби потврдиле дека според извештајот на Вол Стрит, малезискиот Боинг 777 бил срушен со проектил земја-воздух, но засега не е потврдено кој го направил тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1