ФОТО: Oва е скопскиот „Спајдермен“ кој ја ограби поштата


Триесет дена притвор му е одреден на скопјанецот Љ.А. кој маскиран како Спајдермен пред два дена со пластичен пиштол ја ограби експозитурата на „Македонски пошти“ на Бит Пазар.

-Скопјанецот вооружен со пиштол во раката и детска пластична маска „Спајдермен“ на лицето влегол во просторот за странки, насилно ја отворил незаклучената вратичка за влез во шалтерскиот простор, влегол зад работниот пулт, и со закана со пиштолот од вработените побарал да ја отворат касата по што едната од нив го земала клучот од касата и ја отклучила, соопшти вчера МВР.

spajdrmen-500

Љ.А. од касата одзел околу 1.500 денари, а од работните бироа од фиоките пронашол и украл уште 44.534 денари, и со одземените пари, вкупно 46.034 денари  го напуштил местото на настанот бегајќи  во правец кон Хотел „Арка“.

Маската ја фрлил, по што влегол во хотелот „Хамбург“ каде работел, отишол во тоалет и во разводната кутијата од цевките за парно го сокрил сивиот дуксер, а во машката гардероба од хотелот го сокрил ранецот заедно со пиштолот и ракавицата и откако се пресоблекол во одело  го напуштил хотелот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1