Осумнаесетгодишно момче од Плав, гратче во црногорскиот дел на Санџак, идентификувано како Ернад Хусеиновиќ, загинал кон крајот на јануари на боиштето во Сирија, борејќи се на страната на екстремната сунитска организација Исламска држава (IS). Во последните две години ова е четврти случај на загинување на црногорски државјанин во Сирија.
Како што пишува во понеделникот подгоричкиот дневен весник Дан, Ернад Хусеиновиќ загинал на 20-ти јануари во самоубиствен бомбашки напад во Сирија.
Семејство добило известување дека загинал, но посмртните останки не можеле да ги преземат поради начинот на кој настрадал, како што им кажале на неговите родители во црногорската полиција.
Во Сирија заминал преку Германија, а извесен период живеел во Бохум, каде се поврзал со лица кои му помогнале да се поврзе со исламистите. Црногорските медиуми пишуваат дека момчето повеќе од половина година минало на боиштето во Сирија борејќи се на страната на Исламската држава.
Претседателот на комисијата за безбедност и одбрана во црногорскиот парламент, Мевлудин Нихоџиќ, изјави неодамна, дека според податоците со коишто располага, дека шест државјани на Црна Гора во моментов војуваат во Сирија и Ирак, од кои тројца загинале, пред Хусеиновиќ.
Дневникот Дан, пак, во понеделникот пишува дека пред една седмица група од 20 црногорски државјани се обиделе преку Португалија да се префрлат во Сирија, како и дека во таа намера биле спречени на аеродромот во Лисабон и сите биле вратени во Црна Гора.
Нухоџиќ укажа на тоа дека „еден број од повратниците се враќа од разочаран од воените подрачја поради тоа што го видел таму и во што учествувал, и оти тоа бара ангажман на целото општество во процесот на нивната рехабилитација“, Особено предупреди дека е неопходно да се дејствува во смисла на сладење на активностите, координацијата на безбедносните служби и секојдневна размена на информации со службите во регионот и со другите партнерски организации.