Две залепени школки, со ѕид од стакло на делот кон Градски парк – вака изгледа првонаградениот труд на конкурсот за идејно решение за култниот скопски ресторан „Езерце”, кој го распиша Општина Центар.
Автори на трудот со шифра „Мезе“ се Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев. Жирито, составено од вработени од Општината и надворешни експерти, констатира дека идејното решение ги почитува постојните структури, како што се дел од железничката станица и познатото вовче „Ќиро” и дел од некогашниот летен шанк.