ФОТО: Ова се жртвите на трикратниот убиец Божидар


77-годишниот Божидар Д. утринава во селото Бариќ направи крвав масакр – си го уби цело семејство. Пензионерот ги уби сопругата, синот, шурата, а ја рани и снаата.

Иако прво според неофицијални податоци, медиумите во Србија пишуваа дека страшниот злочин се случил поради кавга околу ТВ антена, сепак вистината е сосема поинаква. Српски Курир дознава дека кавгата која била мотив за трикратното убиство и самоубиство почнала поради тоа што тој сакал куќата да му ја остави на внукот, но се противеле неговиот син и снаа.baric-golubac-ubistvo-foto-marina-lopicic-1493031461-1166841k67i67i6

Тој се скарал со синот околу имотот, излегол надвор и земал пиштол, го пресретнал шурата и прво него го застрелал. Потоа, Божидар ги ранил синот и снаата, па тргнал кон својата сопруга. Таа почнала да бега кон своите родители, но тој ја нашол и убил. И неговиот син набрзо починал во болница, а само снаата останала жива.

 

Снаата е оперирана и за среќа веќе е надвор од животна опасност. Таа е единствен член на семејството кој го преживеа крвавиот злочин.bozidar-d-ubijeni-baric-golubac-fot-facebook-1493031856-1166855yk67i67i67ytjtyjt

Божидар сеејќи смрт налетал на својот брат и му рекол: – Сите ги убив, само ку*вата ми остана! Сега ќе се убијам во црква. По овие зборови почнал да трча до црквата и пред капијата си пукал во главата.

Целото семејство со години живеело и работело во Австрија. Се вратиле неодамна и сакале да го поделат имотот. Семејството било мирно, културно и не правело проблеми никогаш. Затоа цело село денеска е во шок од настанот.ubistvo_-_02

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1