ФОТО: Оваа слика ја криела последната тајна на Ван Гог?


Се чини дека познатиот холандски сликар Винсент ван Гог има уште неоткриени тајни. Најновата можеби е откриена во сликата „Cafe Terrace At Night“.

На споменатата слика, Ван Гог, имеѓу другото, насликал 12 гости на терасата, измеѓу кои стои фигура со долга коса, додека еден гостин исчезнува во кафулето, во сенка.01-van-gog-slika-t54522936-900

Сликата се досега беше интерпретирана како дело кое покажува безимени странци, но сепак, можеби не е баш така. Одговори нуди религиското минато на Ван Гог и религиозноста на неговото семејство.

Имено, многу лесно е можно Ван Гог на таа слика да ја насликал својата верзија на познатата Тајна вечера, односно своја верзија на сликата на Леонардо да Винчи, пишува „Хафингтон пост“.

Асоцијацијата на Исус со 12 апостоли е јасно видлива, иако самата сцена не сугерира класична вечера. Таква религиска алузија не би била надвор од карактерот на познатиот сликар, затоа што пред да стане сликар, сакал да го проповеда евангелието насекаде.

Неговиот татко Теодорус ван Гог бил пастор во холандската реформистичка црква, а неговиот стрико бил познат холандски теолог, кој повеќе пати се обидувал да му помогне на Винсент да стане свештеник, но на крајот сите тие обиди пропаднале. 90489038254fb19075f3f1426773405_v4_big

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1