ФОТО: Овој човек е првоосомничен за рушењето на малезискиот авион


Лидерот на про-руските сили Игор Гиркин алијас Игор Стрелков, воедно и самопрогласен Министер за Одбрана на Доњецк и Луганск односно новата република Новорусија, на својот VB.com профил (руска верзија на ФБ), во моментот кога го собориле авионот, на својот профил напишал: “Ве предупредивме-немојте да летате над нашето небо”.

Screenshot-2014-07-17-at-10.05.11-AM

Мислејќи дека е Украински транспортен авион тој додал “авион само што беше соборен некаде во областа на Торез, падне и лежи некаде зад линијата на прогрес. Птицата падна како камен од небото, но далеку од куќите на слободољубивиот народ кој живее на нашата слободна земја”.

Како и да е, Стрелков го избришал својот пост во моментот кога се дозна дека всушност авионот кој паднал бил патнички авион на Малезија Ерлајнс.

Igor-Strelokov-dnevne

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1