Француската полиција објавила негова фотографија со напомена дека станува збор за премногу опасен човек, специјализиран за правење експлозивни направи.
Белгиската полиција започнала потера по Мухамед К. од северниот дел на Франција, осомничен дека ги направил самоубиствените елеци кои терористите ги носеле во нападот на Париз, во кој беа убиени 129 лица.
Припадниците на антитерористичката полиција наведуваат дека Мухамед за терористите ги правел елеците со експлозив и детонатор.
Белгиската полиција вчера по овој повод ги контактирала своите колеги од Франција. Мухамед. К најверојатно се крие во Белгија.