ФОТО: Овој човек тврди дека би можел да ве врати од мртвите


Началникот на Одделението за интензивна нега во универзитетската болница „Стони Брук“ во Њујорк, Сем Парнија, вели дека со примена на најсовремената техника за реанимација би можеле да спасат многу животи.

drSem500Ако како пациент во неговата болница сте имале прекин на работата на срцето, вашите шанси да бидете вратени од мртвите би изнесувале 33 отсто. Во просечната американска болница тој процент би бил значително помал (околу 16) колку би изнесувал и во Британија (или дури помалку).

Применувајќи ја методата за екстраполација (проширување на законитоста или заклучокот утврдени за едно подрачје, на пошироко, се уште неиспитано подрачје) тој заклучил дека релативно поевтините и едноставни постапки кои тој ги користи за обновување на виталните функции, би можеле да спасат живот на 40.000 Американци и околу 10.000 Британци годишно.

Поради тоа, не изненадува што овој лекар кој прво се обучувал во Велика Британија, во 2005 година се преселил во САД, фрустриран што медицинскиот естаблишмент одбива да ги земе предвид овие бројки. Во надеж дека ќе разбуди пошироко интересирање, напишал книга под наслов „Лазаров ефект“.

Тој поставува прашања што точно се случува со пациентот, неговата личност и помнењето – Парнија тоа го нарекува „душата“ – додека лежи мртов, неколку часа пред да биде вратен во живот.

2sem500– Уверен сум дека секој кој умира од нешто што може да се „поправи“ денес повеќе не би требало да умре. Факт е дека срцевиот удар, сам по себе е проблем кој особено лесно се решава. Ако во тој момент реагирате на вистински начин, отворите срце, го отстраните згрутчувањето, вгридете стент и срцето во најголемиот број случаи, повторно ќе проработи. Исто е со инфекциите, воспаление на белите дробови и слично. Ако човекот не реагира навремено на антибиотици, би можеле да го задржиме извесо време (после смрта) се додека не почне да реагира – објаснува тој.

Убедувањето на Парнија се заснова на неговото 20-годишно искуство на работа со пациенти на граница на животот и смртта, особено во последните пет години кога се остварени најголемите достигнувања во областа на реанимацијата.

Станува збор за драстично ладење на телото за да се забави пропаѓањето на неуроните и снабдувањето на мозокот со кислород-техника која се уште не е прифатена во праксата. Парнија тоа сака да го промени. Класичната кардиопулмонална реанимација (CPR), смета тој, е процедура чија успешност многу зависи од среќата.

drSem500

– Поголем број лекари применувата CPR 20 минути, а потоа ја прекинуваат масажата на срцето. Одлуката да се прекине е целосно произволна и заснована на инстиктивното чувство дека после тој период настапува оштетување на мозокот, па пациентот и ако биде вратен во живот само би вегетирал. Но ако знаете што се случува во мозокот во текот на тој период што денес е возможно, тогаш  таа можност се намалува. Голем број истражувања покажуваат дека со примена на повеќе техники на оживување истовремено, стапката на преживеани двојно се зголемува и што уште повеќе е важно, пациентите се враќаат во живот без оштетување на мозокот, рече тој.

Во неговиот идеален свет, начинот на кој луѓето ќе се оживуваат ќе биде втемелен на сфаќањето дека машините се поуспешни во CPR отколку лекарите. Прво треба да се олади телото за да се зачуваат мозочните клетки. Истовремено, многу е важно да се одржи нивото на кислород во крвта.

Во Јапонија ова стана вообичаена пракса во ургентните центри. Со примената на техниката наречена ЕCMO, крвта на починатиот се извлекува од телото, се внесува во апаратот ECMO за збогатување со кислород и потоа се враќа во телото. На тој начин се купува време неопходно за решавање на проблемот кој ја предизвикал смртта.

Тоа значи дека времето на смртта може да се продолжи за повеќе часа, а исходот сепак да биде позитивен.

– Едно девојче во Јапонија било мртво подолго од три часа, а ја реанимирале  шест часа. После тоа, продолжила да живее нормално, а колку што ми е познато, неодамна се породила, рече Парнија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1