ФОТО: Париската жена самоубиец пиштол гола – Била љубител на распуштен живот, журки, алкохол


Пријатели и роднини на првата жена камиказа во Европа – Хасна Аитбулахен – ја опишуваат како слободна девојка која пуши, пие, оди по мажи, пишува “The Daily Telegraph”. Но, сето тоа се превртува во последните месеци, кога таа се радикализира.

Хасна Аитбулахен се разнесе пред очите на полицијата за време на рацијата во париското предградие Сен Дени. Тогаш француската полиција во текот на 7 часа спроведуваше акција против осомничени за вмешаност во нападите во Париз.teroristka pariz

26-годишната Хасна беше наречена “руса бомбашка” во западните медиуми, покрај многуте слики, на кои јасно се гледа дека е темнокоса. Таа е братучедка на “мозокот” на операцијата во Париз – Абделхамид Абауд, за кого полицијата потврди дека е убиен при акцијата.

Пријатели на Хасна раскажуваат дека таа имала репутација на премногу слободна девојка. Вечно пиела и пушела, често ги менувала мажите со кои излегувала. Но, откако Франција ја забрани бурката на јавни места Хасна ја покажала “темната страна” и дури престанала да оди на работа.

Пред Франс прес братот на Хасна – Јусуф раскажува дека таа се обратила кон радикалниот ислам пред 6 месеци.

“Таа беше нестабилна, живееше во свој свет. Немаше особен интерес кон изучувањето на религијата, дури не сум ја видел да го отвора Куранот”, објаснува тој. Јусуф исто така, тврди дека таа започнала да носи хиџаб пред околу еден месец. Вели дека била постојано загледана во нејзиниот телефон, постојано проверувала Facebook како и пораки.teroristka pariz 2

“Ѝ реков да престане со сето ова, но таа не ме слушаше, ги игнорираше сите мои обиди да ѝ дадам совет. Таа ми велеше дека не сум нејзин татко или сопруг, затоа треба да ја оставам сама”. “Се промени нејзиниот мозок !”, категорична е мајката на Хасна.

Семејството на Аитбулахен пристигнува во Франција во 1973 година и се населува во париското предградие Клиши ла Герет каде Хасна се раѓа во 1989 година. Кога таа е уште дете, родителите се развеле и таа е одгледана од згрижувачки семејства. Иако мајка ѝ исто живее во Париз, Хасна ретко ја посетувала.

Пријателите тврдат дека таа останала блиска со својот татко и често го посетувала во Кројцвалд, Лорен. Дури живеела два месеци со него, каде што исто така ја покажала забавувачката страна.zenasamoubiec500

Нејзини познаници од овој период исто така раскажуваат дека Хасна ги сакала забавите, алкохолот, цигарите. “На нејзиниот татко не му беше гајле, тој е кул”, раскажува Матиус Жак, познаник на Хасна.

“Таа беше нормална, носеше западна облека, никогаш не носеше хиџаб”, раскажува тој. “Никогаш не зборуваше за вести, или Палестина, или нешто друго”.

Во старите слики на Хасна таа навистина не носи хиџаб, дури и се шири фотографија која Хасна е во кадата со шминка … но, не и со хиџаб.

Сведоци на акцијата во Сен Дени раскажуваат пред Le Parisenne дека неколку секунди пред да се разнесе, Хасна викала: “Помогнете ми!”. Во видео објавено од францускиот TFI се слуша како полицијата ја прашува Хасна : “Кој е вашиот дечко?”. Таа им одговара: “Тој не е мој дечко!”.

Според властите тоа беше трик на Хасна да ги принуди полицајците да се приближат кон неа, а потоа таа требаше да го повлече детонаторот на својот елек . Според информација на разузнавањето Хасна била лидер на четвртата терористичка ќелија и планирала атентат на меѓународниот аеродром Шарл де Гол, или во трговски центар. Таа била осомничена не само за терористички активности, но и за дистрибуција на дрога.

во медиумите се појавија и сники од разнесувањето на жената. Вознемирувачко видео

Во едниот од клиповите се гледа самата експлозија, кршење на прозорецот на станот во кој се наоѓала Хасна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1