ФОТО: По 19 спонтани абортуси, се роди моето „чудо“ од бебе


Гордата мајка Џо Шорт со солзи радосници во очите се фали со својата ќеркичка Емили, која ја доби по неверојатни 19 спонтани абортуси.

emilibebeПо цели 15 години безуспешно обидување за да станат родители, 37-годишната Џо и нејзиниот сопруг 38-годишниот Стив, конечно ја добија својата ќеркичка Емили.

-Преживеав пекол, никому не го посакувам ова, дури ни на најголемиот непријатели. По 19 спонтани абортуси, постојано се прашував каде грешам. Но знаев дека Господ ќе не израдува со здраво бебенце, никогаш не се откажавме, вели Џо. Таа и Стив откако се запознале во 1997 година, веднаш сакале да основаат големо семејство.

Дури деветнаесет пати имала спонтани абортуси, кои се должеле на ендометриозата, болест поради која доаѓа и до стерилитет. Но дваесеттиот пат се покажал како среќен за оваа брачна двојка. Тие сега ја имаат малата Емили, која ја нарекуваат „чудо“ од бебе.

Тие се доказ дека надежта никогаш не смее да умре и дека вербата во Господ ги преминува сите пречки.

Курир.мк

1emilibebe

emilibebe

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1