отографиите кои се појавиле по падот на авионот прикажуваат празни улици, кафулиња и ресторани, додека голем број Британци по настанатиот хаос сè уште чекаат да се вратат дома.
На основа на фотографиите, сосема очигледно е дека настапил нов период на криза за египетскиот туризам, а тоа го потврдил и Мухамед Јусеф, советник во Министерството за туризам на Египет.
“Русите досега тука беа најбројни туристи, околу три милиони патници го посетуваа Египет годишно. На второ место беа Британците – околу еден милион. Нивното напуштање на земјата зададе тежок удар на туристичката индустрија на Египет – загубите ќе изнесуваат околу 70 проценти од приходите”, изјавил Јусуф.
Да потсетиме, сите 224 патници загинале кога авионот на компанијата “Kogalymavia” се урнал на Синајскиот полуостров, 23 минути по полетување од аеродромот во Шарм Ел Шеик. Одговорноста за падот ја преземале припадниците на ИСИС.