Жоси Роберто Периера (37) бил жив закопан од неговата девојка, се разбудил и успеал да се ослободи иотишол во полициска станица да го пријави злосторството. За негова несреќа полицијата при контрола пронашла 14 години стар налог за негово апсење и тој е веднаш е уапсен поради сомнеж за обид за убиство, а се бара сега и неговата девојка.
Роберто и Грасили Томас имале бурна расправија во нивниот заеднички дом во Бразил, вели полицијата. тааго нападнала своето момче со мотка додека спиел и го закопала во дворот на нивната куќа, мислејќи дека е мртов. После 17 часа, мажот успеал да се ослободи и да побегне барајќи помош.
Бил во гроб длабок еден метар. Бил шокиран кога се освестил и дознал дека е закопан, но лицето не му било прекриено со земја, па можел да дише.
Откако се ослободил се упатил кон полицијата ги одвел полицајците до местото каде бил закопан и го опишал инцидентот.