На гробиштата во Њујорк денеска е погребан Екрем Јевриќ. Неколку стотици пријатели и членови на неговото семејство дошле да се поздрават со Екрем за последен пат.
Погребот бил предводен од имамите Кемал еф. Бектешевиќ и Хако еф. Омерагиќ.
Меѓу присутните бил и Ален Коленовиќ, сопственик на студиото АК од Њујорк, каде Екрем го сними спотот за песната „Куча посо“. Со оваа песна Екрем стекна огромна популарност.
– Многу ни е тешко, сега се враќаме од гробишта. Игбала е многу болна, цела ноќ не спиеше, постојано е на лекови, – изјавила снаата на Екрем, пренесува српски Курир.