Припадници на Министерството за внатрешни работи се наоѓаат пред Државната изборна комисија, додека граѓаните чекаат претседателот на ДИК Александар Чичаковски да се појави во Комисијата и на јавноста да и го соопшти бројот на мандати кои го освоиле политичките партии на вчерашните предвремени парламентарни избори.Останува нејасно од кого полициските екипи, кои се во поголем број, ја штитат Државната изборна комисија и кога претседателот Чичаковски ќе се појави во Комисија.
Граѓаните очекуваат ДИК конечно да излезе на прес-конференција и да ги соопшти изборните резултати.
Имено, во членот 135 од Изборниот закон е предвидено дека ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност, рок кој веќе Комисијата го прекрши.