Можевме само да гледаме што се случува. Ништо не успеавме да направиме. Ништо, ништо, изјавила жителка на Хасково.
Големо невреме со силни врнежи од дожд и снег ја зафати вчера Бугарија.
Западниот дел на Бугарија е целосно поплавен, а во поплавите загина и една жена на 38 годиишна возраст од селото Росен, Бургас.
Во централниот дел на земјата заради снегот и лизгањето на земјиштето е прогласена вонредна состојба.
Затрупани се повеќе сообраќајници, а без струја се десетици илјади луѓе. Најпогодени се градовите Габрово и Трново, каде што има напаѓано и до 30 сантиметри снег.
Истокот на Бугарија е погоден од пороен дожд. Во Бургас на брегот на Црното море поплавите однесоа еден живот. Брачен пар го напуштил возилото заради поплавениот пат. Водената стихија ги раздвоила, а подоцна жената била пронајдена мртва.
Три резервоара во Бургас на браната се наполнети до максимумот, заради што десетици жители се евакуирани.
Браната може да биде пробиена секој момент.
Најстрашно е што под неа минува нафтоводот, па се заканува и еколошка катастрофа.