Зара страда од ретка, неизлечива болест, која прави да изгледа многу постаро од своите врсници. Овa генетскo пореметување го имаат само 30 луѓе во Велика Британија, а освен Зара, од оваа болест страдаат и нејзината сестра и нејзината мајка.
Иако има огромна поддршка од семејството и роднините, Зара морала да се соочи со суровата реалност и секојдневните дофрлања и слични невкусни ситуации, а била дури и жртва на физичко насилство.
Била нападната во автобус бидејќи користела детска карта, а не можела да докаже дека има само 15 години. Кога тргнла на училиште, нејзините соученици ја помешале со наставничката.
Сепак, Зара одлучила да проговори за својата болка и да се бори за подигнување на свеста кај луѓето за оваа болест.
„Понекогаш сум многу лута, но правам се како и сите останати 15-годишни девојчиња и не дозволувам тоа да ме растажи“, изјавила говорејќи за својата болест наречена липодистрофија.
„Растењето со липодистрофија е доста тешко. Децата станаа груби кога тргнав во основно училиште, ме навредуваа и морав да го сменам училиштето. Дури во средно училиште најдов пријатели кои ме прифатија ваква каква што сум“, додава Зара.
Досега и паднале четири заби, а со тек на време планира да направи затегнување на лицето. Приморана е да користи инјекции со колаген за да се зацврсти.
„Некогаш користев многу шминка, но сега се прифатив себеси, бидејќи некои луѓе изгледаа многу полошо од мене“, истакнува ова девојче и додава дека нема проблеми со момчињата бидејќи им се допаѓа.
„Имав неколку дечковци и им се допаѓав поради мојот карактер, а не поради изгледот“, објаснува таа.
Денешен