ФОТО: Потрошија само 3 долари, а станаа милионери


Секогаш постои доза на возбудување кај куќните распродажби кое речиси е невозможно да се објасни.

Копајќи по старите кутии од минатото, може да најдете токму нешто што ви треба или да откриете нешто што не сте знаеле дека ви треба.skapa-cinija

Токму тоа му се случи на едно семејство од Њујорк. Во еден момент купија чинија од 3 долари, а подоцна сфатија дека добиле многу повеќе отколку што очекувале.

Копајќи по работите на распродажба пронашле преубава чинија која ја купиле за 3 долари. Се потврдило дека тоа им е најдобра инвестиција на сите времиња.

Со години чинијата им стоела на полиција, а семејството немало поим што навистина поседуваат. Во еден момент, се заинтересирале за чинијата и за нејзиното минато.

набрзо откриле дека чинијата е стара илјадници години и дека припаѓала на кинеската династија Сонг. Таа е типичен пример на кинеска керамичка уметност позната како „Динг садови“. Чинијата на крајот е продадена на аукција на Сотби за 2.225.000 долари.

Заработија над 2 милиони долари на чинија од 3 долари. Затоа гледајте што купувате!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1