ФОТО: Пожарот во Скопска Црна Гора беснее


Пожар кај Скопска Црна Гора Гори ниска мешана шума и бор на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. Противпожарната бригада на Град Скопје добиле дојава за пожарот денеска околу 10 часот

Големиот пожар кој избувна попладнево во Скопска Црна Гора, беснее и вечерва. Црн чад и оган може да се забележат и вечерва од планината.

Полициските службеници се излезени на терен, потврдија од МВР.

Во меѓувреме, Дирекцијата за заштита и спасување поради зачестените полски и шумски пожари апелира до граѓаните да не палат оган на отворен простор и да не фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.

– Апелот посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба и ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите. Апелот се однесува и за оние кои се движат и работат во шумите, на излетниците, но и на сите граѓани, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација, велат од ДЗС.

Оттаму препорачуваат доколку граѓаните забележат пожар на отворен простор, да го пријават во надлежните институции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1