Двајцата се актери, двајцата располагаат со харизма за извоз, но и двајцата стојат цврсто кога се нивните ставови во прашање… Ова ги доведе Тони Михајловски и Игор Џамбазов во ситуација да се спротивстават еден на друг и да ги измерат силите.
По повод велигденските и првомајските празници Игор беше еден од гостите кај Тони Михајловски, а на трпезата покрај вкусните јадења што ги приготвила сопругата на Тони, Александра, беа и велигденските јајца.
Така двајцата другари и актери фатија по една црвено јајце во рацете и одлучија да ги одмерат силите. Додека тие се кршеа Александра го овековечи моментот со едно селфи.
Извор: Вистина.мк