ФОТО: Проколнатиот часовник има нов сопственик – а стариот мистериозно почина


Само неколку часа пред неименуван купувач да го купи „проколнатиот часовник“, шеикот Сауд Бин Мохамед Ал Тани, досегашен сопственик и еден од најбогатите луѓе на светот, починал мистериозно во својот дом во Лондон.

Часовникот од познатиот бренд „Патек Филип“ од 1933 година, е познат како најскапиот, најсложениот и најубавиот часовник на светот, а важи и за „свет грал“ помеѓу часовниците. Малку е познато дека часовникот носи некакво проклетство за неговите сопственици, пишува магазинот „Форбс“.

Chasovnik PAtek2

Пред неколку дена часовникот бил продаден за 15 милиони фунти. Само неколку часа пред да го купи неимнуваниот купувач, последниот сопсвеник на часовникот, 48-годишниот шеик Сауд Бин Мохамед Ал Тани, починал мистериозно во својот дом во Лондон. Се уште не е позната причината за неговата смрт.

Шеикот го купил овој часовник пред 15 години за 11 милиони долари и бил дел од неговата непроценлива приватна колекција.
Часовникот „Патек Филип “ од 1933 година има долга прикзана. Неговиот прв сопственик, банкарот Хенри Грејвс, во најголема тајност го нарачал од познатиот часовничар Патек Филип во 1925 година.

Грејвс сакал да го има „најкомплицираниот часовник на светот“, кој ќе има две лица и дури 24 дополнителни подесувања. За изработка на овој часовник му биле потребни осум години.

tumblr_newq6rlbvP1rxkf1vo1_500

Едното лице на часовникот требало да ги покажува сите фази на Месечината, додека другото лице трбало да го прикажува заоѓањето и изгревањето на Сонцето во Њујорк.

Часовникот имал и аларм, стоперка и календар. Меѓутоа седум месеци откако Грејвс го добил часовникот, починал неговиот најдобар пријател.

Неколку месеци подоцна неговиот син Џорџ загинал во сообраќајна несреќа. Џорџ бил вториот син на Хенри кој го изгубил животот на ваков начин. Грејвс почнал да се сомнева дека најкомплицираниот часовник на светот му носи несреќа. Тој наводно во една прилика додека бил на јахта, рекол: „Оваа работа не ми носи ништо друго освен несреќа“, и замвнал со рака за да го фрли часовникот во вода. Но неговата ќерка која била со него го спречила во тоа.

Следните неколку дена ласовникот бил кај неа а потоа таа му го подарила на својот син. Тој пак му го продал на еден индустријалец од Илиноис за 200.000 долари. Се до 1999 година часовникот бил изложен во музејот во Илиноис, а потоа бил продаден на еден шеик за 11 милиони долари. Тој го обожувал овој часовник, а негови блиски пријатели откриле дека секојдневно му се восхитувал на часовникот. Со продажбата на часовникот, згаснал и неговиот живот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1