Фото: Ромео и Јулија од Романија – закопани држејќи се за раце


Архелозите што во Романија го изтражуваат дворот на еден доминикански манастир откриле костури од  маж и жена, кои се закопани држејќи се за раце.

romeo_2Експертите од Археолошкиот институт Клуж Напока во монетов ја истражуваат локацијата која што, како што се претпоставува, служела како гробишта. Иако на локалитетот биле пронајдени повеќе костури, вниманието на експертите најмногу го привлекле двата костура што се држат за раце, посебно заради тоа што заедничкото погребување во тој период било многу ретко.

-Ова е мистерија и вистинска реткост. Се гледа дека мажот претрпел тешки повреди на колкот заради кои што и најверојатно починал. Претпоставуваме дека станува збор за удар со тап и тежок предмет, изјавил главниот истражувач Адријан Русу.

romeo_1

Тој додал дека „младата жена очигледно била здрава заради што некои претпоставуваат дека починала од тага заради загубата на партнерот“.

Русу објаснил дека археолозите ја исклучуваат можноста за самоубиство која во тој период се сметала за грев и додава дека кога би се работело за самоубиство, жената во никој случај не би можела да се најде во тој гроб и на тоа свето место.

-Очигледно се закопани заедно од почит кон љубовта што двајцата ја чувствувале еден за друг – заклучува Русу и додава дека романските Ромео и Јулија, како што ги нареувааљт во романските медиуми, се закопани помеѓу 1450 и 1550 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1