По бродовите, пајтоните, и „барокните“ објекти, дел од централното градско подрачје на Скопје стануваат и „стилизираните“ сендвичарници и трафики со позлатени антички столбови. Во изминативе денови на две локации, на булеварот ВМРО и кај хотелот Холидеј Ин се поставуваат новите градби од проектот „Скопје 2014“ а според планираното вакви сендвичари ќе има на дури 20 локации предвидени за нив
„Барокното“ идејно решение за сендвичарниците и трафиките го изработи авторот Жарко Чаушевски.