ФОТО: Седумгодишниот Павле од Ниш паднал од тераса и преживеал


Вистинско чудо е како седумгодишниот Павле С. го преживеал вчерашниот пад од третиот спрат од својата зграда во Ниш и притоа се здобил со повреди поради нагмечување на телото.

Тој синоќа во околу 4 часот после падот поминал само со површински повреди и контузии, а паднал од околу 9 метри висина.

-На момчето му е направена комплетна дијагностика и констатиравме само нагмечување. Без оглед на тоа, тој сепак ќе помине неколку денови во Детската клиника – рекле од Управата на Клиничкиот центар во Ниш.

Соседите се во благ шок од тоа што се случило.

Малиот Павле бил донесен со приватен автомобил во Ургентниот центар, а паднал поради сплет на несреќни околности.

-Тој се разбудил утринава и ја викал мајка си која тогаш била во тоалетот. Веројатно ја барал и така сонлив дошол до тераса и паднал. Навистина е несфатливо како момчето паднало затоа што е многу малку повисоко од оградата, а уште поголема среќа е што добило само гребатини, нека е жив и здрав – велат соседите.

Полицијата сепак врши увид во домот на семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1