Попладнево улиците во скопска Автокоманда беа покриени со црни партали. Читателот на Економски.мк ги испратил овие фотографиите и тврди дека цела населба е покриена со овие партали од непознато потекло.
Во редакцијата на MKnews пак се јавија граѓани да алармираат дека уште од синоќа во Аеродром и Ново Лисиче мириса на пожар и како да се горени гуми, а и воздухот е замаглен во вечерните часови како да е магловите.
Во минатото жителите на овие делови од градот имаа проблеми со депонијата Вардарише – секогаш кога таму ќе се гореше отпадот цела населба смрди а реата влегува и во становите иако прозорците се затворени.
Минатата зима при мерењето на загадувањето на воздухот токму овие насеби имаа зголемено ниво на прашина во воздухот и беа за неколку нивоа позагадени од останатите населби во градот.
Повеќе фотографии од парталите кои денес паѓале во Автокоманда на Економски.мк