Туристите кои три дена беа во времен карантин во хотелот „Супер 8“ каде што беше сместен сега починатиот Британец Џефри Колинс, за кој денеска и официјално е потрвдено дека не е болен од ебола, среќни си заминаа од него.
Британецот Џефри Колинс немал ебола, покажале резултатите од Клиниката во Хамбург, соопшти попладнево д-р Јованка Костовска, раководителка на Секторот за превентивна здравствена заштита во Министерството за здравство, на прес-конференција.
Министерството веднаш потоа објави дека сите лица што беа во карантин поради сомнежот за ебола, сега се пуштени да излезат.
Фото: МКД.МК