ФОТО: Српскиот пејач Кеба за влакно и побегна на смртта


Српскиот пејач Драган Којиќ Кеба и Рада Шариќ за влакно избегнаа смрт откако во средата врз нивните автомобили се урна фасадата од студиото на Гранд на Кошутњак.

Кеба и Рада навистина имале голема среќа бидејќи само што се паркирале пред студиото, поради силното невреме што деновиве ја зафати Србија и Белград посебно, се урна фасадата од студиото на популаниот “Гранд’ токму врз нивните возила.

dragan-kojic-keba-rada-saric-nezgoda-fasada-automobil-nevreme-1403815128-523929

Кеба изјави дека штетата е околу 2.000 евра и веднаш повикал полиција да направи увид за да може да го активира осигурувањето на возилото. Тој истакна дека дента навистина имал нешто работа, па му било навистина криво што останал без возило.

Младата ѕвезда на Гранд Рада Шариќ изјави дека возилото го купила неодамна и се уште не успеала да го преведе на свое име.

-Иако ми е половен сепак многу се израдував кога го купив. Среќа што возилото е осигурено, изјави таа.

dragan-kojic-keba-rada-saric-nezgoda-fasada-automobil-nevreme-1403815128-523935

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1