ФОТО: Страшна сообраќајка во Ѓорче, еден загинат


Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која утринава се случила во Ѓорче Петров.

Од полицијата информираат дека околу 4:15 часот на ул.„Ѓорче Петров“ дошло до судар меѓу комбе„Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.М.(29), комбе „Ивеко“со скопски регистарски ознаки управувано од М.Н.(37) и автомобил „Цитроен“со скопски регистарски ознаки.

soobrakjajka1

 

На лице место починал Тони С.(33) од Скопје од „Цитроен“, додека  Д.Ј.(35), од истиот автомобил се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Ургентен центар Скопје.

Возачите на двете комбиња се здобиле со телесни повреди и на двајцата им е укажана лекарска помош во ГОБ-Скопје, при што М.Н. е пуштен на домашно лекување додека И.М. е задржан за понатамшно лекување.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1