Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска на автобуската станица „Рекорд“, која е една од најфреквентните во Скопје. Автомобил од марка шкода фабија со скопски регистарски таблички излетал од коловозот, минал низ автобуската постојка при што целосно ја уништил и завршил во скелињата на кои се извршуваат градежни работи за обновување на фасадите.
Притоа голем дел од скелето е оштетен што предизвикува опасност тоа да се сруши врз тротоарот. На местото на несреќата веднаш има излезено и работници кои се обидуваат да ги поправат штетите на скелето за да се спречи таква можност.
За среќа, при излетувањето на автомобилот на постојката немало патници што чекале автобус, што за оваа постојка е вистинска реткост.