Светските медиуми ја потврдија врската помеѓу Стружанецот, Пајтим Касами фудбалер на грчки Олимпијакос и популарната пејачка Никол Шерцингер.
Како што информираат светските медиуми тие од објективот на фоторепортерите биле фатени како се бакнуваат за време на нивниот одмор на островот Миконос.
Шпекулациите за нивната наводна врска започнаа вчера, а денеска сето тоа е потврдено со објавувањето на овие фотографии.
Инаку, претходно популарната пејачка беше во врска со познатиот пилот на Ф1, Луис Хамилтон.