На дарк веб откриен е сајт на кој се собираат пари кои се наменети за убиство на претседателот на САД, Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс.Сајтот кој е направен минатата недела, повикува на помош на финансии за атентат на Доналд Трамп. Сајтовите кои се користат на дарк вебот може да се посетат само со помош на специфичен пребарувач кои ги маскираат IP адресите.
-Како што им е на сите добро познато, последиците на доаѓањето на Доналд Трамп и Мајк Пенс како лидери на слободниот свет, се многу опасни, пишува на сајтот каде што се додава дека политичките, еколошките и друштвените последици ќе ја променат Америка и тоа на полошо, пишува на сајтот.
Сајтот бара анонимни донации од оние кои што сакаат да го видат „планот успешен“ па ги повикуваа експертите, интелигенцијата и сите кои имаат контакти да им пишат за соработка.
За ова се информирани американските тајни служби и се работи на решавање на случајот, а анонимен хакер им дојавил дека сајтот го контролира жител на Канада.