Тешка сообраќајна несреќа попладнево околу 17 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Песочани.
Од Секторот за внатрешни работи – Охрид информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале две патнички возила и оти засега нема информации за повредени.
На местото на несреќата се врши увид, а сообраќајот е привремено во прекин.
ФОТО: Охрид1