Три момчиња загинаа во сообраќајна несреќа која се случи ноќеска во Бегеч кога со автомобил „опел вектра“ удрија во бандера. На самото место загинаа Немања Г.(22), Срѓан В.(22) и Михајло Ш.(24).
Тројката се враќала од роденска прослава – го славеле роденденот на Михајло.
Страотната несреќа се случила ноќеска околу еден часот по полноќ, во улицата Никола Тесла, кога момчињата се враќале од Футог кон Бегеч.
Во автомобилот удриле во армиран и појачан бетонски столб за струја, а Бегеч од тој момент нема ниту струја, ниту вода, а во прекин се и телефонските линии – толку бил силен ударот на нивниот автомобил во столбот.
-Излеговме на терен и само можевме да констатираме смрт кај трите млади лица, кои настрадаа во сообраќајната несреќа, велат од Брзата помош.