49 годишниот Рино Башиќ, морнар од Задар починал на 10.000 метри надморска височина додека летал во авион кон ЈужнаАфрика каде требало да работи на танкер за нафта, јавуваат хрватските медиуми. Тој пред летот бил на систематски преглед и докторите утврдиле дека е потполно здрав.
Рино со години ја очекувал оваа работна позиција а неговото семејство вели дека тоа за него била работа од соништата.
Без проблеми слетал во Минхен од каде со авион требало да замине за Перу на патот кон Јужна Африка. Но никогаш не стигнал таму. Починал во воздушниот простор на Португалија. Неговото тело наеднаш откажало.
Пилотот итно се спуштил во Лисабон но за Рино немало спас. Неговото семејство е во шок. Зошто починал се уште не е познато бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата по што неговото тело ќе биде вратено во Хрватска за погреб
Kurir.mk