Околу десеттина илјади граѓани присуствуваат на маршот на граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија. Собирот е масовен и по збирното место пред Владата, а маршот ќе заврши пред Собранието. Граѓаните маршираат под мотото „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“
-Со еден симболиочен гест сакаме да им покажеме како се сака Македонија. Тие сакаат да ги раздвојат црвената и жолтата од македонското знаме. Ние не сакаме и нема да го дозволиме тоа. Тие сакаат разнебитување, ние сакаме заедничка Македониај, затоа нашиот симбол ќе биде спојување на црвеното и жолтото, црвено-жолтата линија која нема да ја поминат !!!, истакна на собирот Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија.