Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 238 патници ја промаши денеска пистата при слетување на аеродромот во Катманду и се приземји во блиско поле. При слетувањето имало густа магла, а пистата била лизгава по дводневни дождови.
Авионот полетал од Истанбул по седумчасовен лет половина час кружел над Непал пред да се приземји од вториот обид.
Меѓународниот аеродром во Катманду е затворен по овој инцидент.
Четворица патници од авионот на турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ се повредени откако денеска авионот излета од пистата на меѓународниот аеродром во Катманду, пренесе ДПА, повикувајќи се на непалските власти.
Авионот на турскиот национален авиопревозник, со 238 патници, летал од Истанбул.
На социјалните мрежи се објавени фотографии на турскиот авион на кои се гледа дека предниот дел на леталото е оштетен, а локални медиуми наведуваат дека при слетувањето откажале кочниците.
Патниците наведуваат дека по слетувањето во авионот се појавил чад, поради што луѓето тешко дишеле.